Обвинетите во „Монструм“ се невини

Во скандалозно интервју дадено за српски „Курир“на3мај 2017 година, претседателот на СДСМ Зоран Заев оди доттаму што тврди дека осудените во „Монструм“ биле невини, односно дека немало никакви докази оти тие се виновни.
Запрашан дали има докази кои расветлуваат што се случило на Смилковското Езеро каде се убиени четири деца и еден риболовец, Заев одговара:

–Постојат разговори кои покажуваат дека за луѓето кои се во затвор нема никакви докази за тоа. Во разговорите не постојат докази кој тоа го направил, но постои сомнение дека власта е вмешана.

Во третата точка од тиранската платформа прифатена од Заев, с ебара целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” „преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.