Заради најавените обилни дождови и невремето кои се очекуваат во поголем дел на Јадранот, на сила е црвен метео аларм, додека за останатите делови на Хрватска вклучен е жолт аларм, пренесе српски “Блиц“.
Според прогнозите најлошо ќе биде на Истра каде денес јужниот ветер е засилен, а во Лабин дува ветер со брзина од 96 километри на час, пренесе “Индекс.хр“.
Невреме со силен јужен ветер утре се очекува на Истра, а како што наведува државната метеоролошка служба средната брзина на ветрот ќе изнесува до 90 километри на час. Се очекуваат и обилни врнежи од дожд, некаде и повеќе од 100 литри на метар квадратен . Големи количини дожд се очекуваат и во далматинското крејбрежје.