Облачно време, попладне дожд, грмежи и засилен ветер

Времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени, а максималната од 22 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и во скопската котлина ќе има локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 28 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.