Умерено до значително облачно време со слаб локален дожд се очекува во текот на денот, а од пладневните часови на повисоките планини во западните делови со слаб снег. Како што најавува УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.
Според најавите и во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а претежно во планинските региони ќе има услови за локален дожд.