Облече прекратко фустанче: Северина ги истакна долгите секси нозе во мрежести хулахопки позирајќи покрај македонската пејачка

Хрватската пејачка Северина овие денови е во Белград каде ја најавува својата турнеја која ќе се одржи таму идниот месец, но и времето таму го искористи за гостување во српското шоу „Твоето лице звучи познато“.
Северина во ова шоу гостуваше со македонската музичка ѕвезда Калиопи, а за овој настан таа се одлучи за целосна трансформација на себе.


Ставајќи перика на себе облечена во зелен краток фустан ги истакна долгите нозе во мрежести хулахопки, а по ова фановите веднаш и порачаа дека изгледа совршено иако е близу до 50-тата.
Инаку Северина и Калиопи ќе ги гледаме оваа недела во најновата емисија „Твоето лице звучи познато“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.