Потребни состојки:
1 голема конзерва туна
1 краставица со средна големина
1 авокадо
Половина црвен кромид
1 лажица сок од лимон или лимета
Сол и бибер
Магдонос
Начин на подготовка:
Исцедете ја туната од конзерва. Излупете ја краставицата и исечете ја на помали коцки. Исчистете го кромидот и исечете го на тенки коцки. Исчистете го и исечете го авокадото на мали парчиња. Во еден сад промешајте ги сите состојки, додајте ситно сечкан магдонос, сок од лимон и лимета, сол и бибер.
Послужете со кришка леб.