Објавен трејлерот за римејкот на култната класика од 90-тите, еве што велат фановите






LIONSGATE објави трејлер за претстојниот филм за суперхерои The Crow, римејк на истоимениот култен класик од 1994 година, на чие снимање беше убиен главниот актер Брендон Ли. Главните улоги во новиот филм ги толкуваат Бил Скарсгард и ФКА Твигс.

Филмот во режија на Руперт Сандерс е заснован на стрипот од 1989 година The Crow, и го следи музичарот Ерик Дравен (Скарсгард), кој е убиен заедно со неговата свршеница Шели (FKA Twigs). Откако ќе умре, врана го оживува Дрејвен за да им се одмазди на криминалците кои му го уништиле животот.

Споредни улоги во филмот ги толкуваат Дени Хјустон, Лора Бирн, Сами Буаџила и Џордан Болгер.

Фановите на оригиналот се разочарани
Оригиналниот The Crow со Брендон Ли, синот на Брус Ли, останува култна класика. Филмот наиде на толпа од лојални фанови низ годините, а многу од нив се разочарани од претстојниот римејк.

„Ова изгледа страшно“, „Ова изгледа полошо од очекуваното“, „Овој филм да нема стил. Не сум импресиониран“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: