Објавена фотографија од Жељко Самарџиќ стара 40 години: Погледнете како изгледаше тогаш пејачот

На интернет се појави фотографија стара 40-години на Жељко Самарџиќ на која пејачот е речиси непрепознатлив.Самарџиќ на фотографијата има сосема поинаква фризура, односно долга кафена коса, за разлика од имиџот што го градеше изминатите децении.Самарџиќ е миленик на женската публика, а зад себе има долга и завидна кариера, но и безброј хитови. Долгогодишната кариера ја градеше исклучиво со квалитетни песни, а не со скандали.Роден е во Мостар, каде што живеел до 90-тите години, кога на почетокот на војната се преселил во Белград, каде што започнува неговата музичка кариера.Познато е дека со децении е во брак со Маја со која има три ќерки Соња, Данијела и Миња, а Миња тргна по неговите стапки и се занимава со музика.

Пронајдете не на следниве мрежи: