Раперот неодамна беше уапсен во Њујорк, а доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затворРаперот Шон Диди Комбс, познат како Пиф Диди, неодамна беше уапсен во Њујорк и обвинет за рекетирање, трговија со луѓе и многу други злосторства. Озлогласениот рапер е главна тема на социјалните мрежи, најмногу поради неговите забави наречени „freak-offs“ каде сексуално ги злоставувал своите жртви, машки и женски, и ги снимал без дозвола. Покрај овие забави, последните денови кружат фотографии од другите негови раскошни забави на кои биле поканети многу познати гости.Сега на социјалните мрежи се шират фотографии од забава која се одржала во 2004 година, каде Диди јадел храна од гола жена.Жената лежела на средина на масата, а раперот од неа земал јагоди прекриени со чоколадо. Освен него, истото го направиле и други ѕвезди, меѓу кои Вил Смит, Дијана Рос, Овен Вилсон и Брус Вилис.Гостите на фотографиите изгледаат потполно рамнодушно додека голата жена лежела до нив, опкружена со овошје. Таа на интимните делови била покриена само со лисја.Ова не е единствената забава која наишла на негативни коментари. Неодамна се прошири видео од една негова забава, популарно наречена „бела забава“, каде раперот држи говор кој многумина го опишаа како морничав.In resurfaced photos from a past party, guests appeared unfazed as they casually ate food while a nude woman, covered strategically by a single leaf, served as a centerpiece surrounded by fruit. Diddy, dressed in all white, was seen eating a strawberry beside the woman. Many… https://t.co/6R3sWhku2A pic.twitter.com/1WED0xRXbe— Verse, Vibe & Insight (@EVerses30330) September 27, 2024-Ве нахранивме сите, ви дадовме пијачки, сега е време да уживате во животот. Ова е прослава на животот. Ова е вистинска бела забава. Децата имаат еден час да ја напуштат забавата и потоа ова се претвора во нешто што кога ќе пораснете ќе сакате да го посетите – рекол тогаш.На неговите забави можел да се види и Леонардо ди Каприо, кој наводно не бил во контакт со раперот во последните неколку години. Освен него, чести гости биле и сестрите Кардашијан, Парис Хилтон, Мараја Кери…The party was attended by several high-profile celebrities, including Will Smith, Diana Ross, Owen Wilson, and Bruce Willis. https://t.co/8Gjt0GvF7t pic.twitter.com/fg6qSn8Acw— Verse, Vibe & Insight (@EVerses30330) September 27, 2024Инаку, Диди моментално се наоѓа во притвор во Њујорк, а со денови се дебатира дали некоја од познатите личности учествувала во криминалните дејствија што ги направил. Според пишувањата на странските медиуми, некои од нив може да се видат на видеа кои тој ги снимил без нивно знаење.Раперот се изјаснил за невин, а судијата му одбил кауција. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со доживотен затвор.
Пронајдете не на следниве мрежи: