УКРАИНА: Советникот на Зеленски зборуваше за масакрот во Москва: Тој кажа само едно

Михаило Подољак, советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се огласи по страшниот терористички напад во Русија.

Подољак тврди дека Украина на ниту еден начин не била вмешана во терористичкиот напад во Моксва.

„Во врска со настаните во московскиот град Крокус во предградијата на Русија, каде што токму денеска имаше пукање, одредени терористички акции од неидентификувани лица, да разјасниме: Украина нема апсолутно никаква врска со овие настани“, рече Подољак во специјалното видео на Телеграма и додаде:

„Украина никогаш не користела терористички методи на војување“

Маскирани напаѓачи отворија оган во пресрет на концертот во трговскиот центар и концертната сала „Крокус сити“ во северозападна Москва.

Најмалку 40 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се ранети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.