Повеќето од нас ја правиме истата грешка – спиеме со мобилните телефони близу нас. На сите ни е позната штетноста од нивното зрачење и дека тоа е опасно по нашето здравје, а и дека во краен случај предизвикува рак.
Затоа, барем додека спиеме можеме телефоните да ги одалечуваме од нас. Ерин Нелсон од Нов Зеланд заспала со својот мобилен телефон, а утрината се разбудила со опекотини од втор степен на нозете.
Сличен случај пријавила жена која рекла дека нејзиниот мобилен се запалил додека го носела во џеб. Неговото експлодирање можело да биде уште пострашно доколку телефонот бил близу до главата.
Затоа, потрудете се да бидат подалеку од вас кога не ви се потребни и да не ги оставате на полнач преку ноќ. Многу несреќни случаи ширум светот се забележани поради експлодирање на телефон кој бил оставен да се полни цела вечер, па експлодирал од силен електричен напон.
Истото важи и за останатите уреди како лаптопите и таблет уредите.