Актерот Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст, а пред месеци се пишуваше за тешката болест со која се борел.
Како што се шпекулираше, на Жарко му бил дијагностициран рак на белите дробови, поради што пред три месеци бил хоспитализиран во болницата „Бежанијска коса“.
- Среќна нова 2025 година
- Црна Гора и Босна со најголем процентуален раст на минималната плата во регионот
- (Фото) Новата година пристигна во Москва
- Скопјани традиционално се собраа на плоштад „Македонија“
- Доналд Туск: НАТО ќе ја зајакне контролата врз балтичките води
Жарко последниве месеци редовно одеше на терапија, но болеста завладеа. Неговото семејство ги чувало информациите за болеста на ЖАРКО во тајност, но се дознало кога тој неодамна се разболел.
Режисерот Милан Караџиќ, кој последен пат соработуваше со Лаушевиќ во серијата „Калкански кругови“, тогаш проговори за состојбата на актерот:
- Ги сними горе-долу сите негови сцени, малку остана. Инаку, тој заврши одлична работа, презадоволни сме од сработеното, тој е маестрален актер – изјави за Новости по хоспитализацијата Милан Караџиќ, режисерот на серијата.