Затворската колонија каде што рускиот опозициски лидер и најгласен критичар на претседателот Владимир Путин, Алексеј Навални, ја издржуваше казната, ѝ кажа на мајка му дека тој починал од „синдром на ненадејна смрт“, рече членот на тимот на Навални, Иван Жданов.
Жданов на мрежата Х објави дека семејството на Навални чека да го побара телото.
Тимот на Навални тврди дека тој е убиен и ги обвинува руските власти дека го чуваат неговото тело за да ги „покријат трагите“.
- Најголемата американска авиокомпанија ги презема сите летовиАмерикан ерлајнс во вторникот ги презема сите свои летови во Соединетите држави- прочитај повеќе
- Охриѓанка тешко повредена во сообраќајна несреќаНа 23.12.2024 во 18:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на- прочитај повеќе
- СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците ја подготвија измамата со кошничкитеСДСМ се огласи по повод изјавата на Христијан Мицкоски, дека дел од- прочитај повеќе
- Русија тврди дека презела контрола над уште едно населено место во украинската Доњецка Област– Русија вчера соопшти дека ја презела контролата врз уште едно населено- прочитај повеќе
- Укинати забраните за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка – ГП „Деве Баир“ и Кратово – ПробиштипОд 13:00 часот се укинуваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила- прочитај повеќе
Рускиот опозиционер Алексеј Навални почина на 47-годишна возраст во поправната колонија број 3 во автономниот округ Јамало-Ненец!
Информацијата за смртта на Навални во петокот ја потврди Одделот на Федералната поправна служба.
- На 16 февруари во воспитно-поправна колонија број 3, осудениот Наваљни А.А. се чувствува лошо по прошетката и речиси веднаш изгуби свест. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и повикана е екипа на Итна медицинска помош – се наведува во соопштението.
Беа извршени сите неопходни мерки за реанимација, но, како што се наведува, не дале позитивни резултати.
- Лекарите од итната помош констатирале смрт на осудениот. Причините за смртта се утврдуваат – се додава во соопштението.
Федералната казнена служба на Русија исто така соопшти дека испраќа комисија во поправната колонија бр. 3 во автономниот округ Јамало-Ненец, каде што почина Алексеј Навални.
Еден од лидерите на руската позиција и најголем критичар на претседателот Владимир Путин, да потсетиме, минатиот август беше осуден на нови 19 години затвор под обвинение за екстремизам.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.