Ова е најздравиот појадок на светот: Го намалува крвниот притисок и ризикот од појава на дијабетес

Појадокот е најважниот оброк во денот, па важно е тој да биде добро избалансиран и сочинет од вистинските намирници
За да имате добро здравје, покрај физичката активност, важно е да внимавате и на намирниците што ги внесувате во организмот. Ако секое утро го почнувате на овој начин, ќе го заштитите телото од многу болести, но и ќе изгубите неколку килограми.
Овој појадок може да ги намали шансите за рана смрт и заболувањето од многу болести. Идеалната утринска комбинација подразбира јогурт, житарки и малку мелен лен, вели нутриционистката Сара Бревер.
Клучната состојка на овој појадок е јогуртот. Содржи пробиоитци кои се добри за цревата, како и калциум, фосфор и протеини.


Го снижува крвниот притисок, ги зајакнува коските и ги намалува шансите за заболување од дијабетес. Нутриционистите со причина го нарекуваат суперхрана.
„Истражувањата покажале дека јогуртот помага за ослободување од многу здравствени проблеми поврзани со стареењето, како висок крвен притисок, остеопороза и дебелеење“, велат лекарите.
„Пробиотските бактерии во јогуртот ги исфрлаат лошите бактерии кои негативно влијаат врз апсорпцијата на хранливите состојки и чувството на ситост, што значи дека на тој начин ја ограничуваме количината на внесени калории во текот на денот.“
Додавањето јогурт во вашата утринска рутина помага за слабеење.
Во еден спроведен експеримент, кај луѓето што пиеле јогурт забележена е помала телесна маса. Освен тоа, кај нив бил воочен и понизок крвен притисок. Консумирањето на овој производ пет пати неделно го намалува крвниот притисок за 20%, тврдат научниците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.