Хотелот со пет ѕвезди „Баија“ во Марбеља, Шпанија, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, го украси своето лоби со елка од скоро 14 милиони евра.
Вредноста на, можеби, најскапата елка оваа година, е во украсите кои содржат дијамантски прав, 24-каратно злато, како и јајца од ноеви и емуа. Има и доста необични слатки како додатоци… Посебно направени 3Д-печатени чоколадни пауни.
Елката е дело на дизајнерката Деби Вингам, позната по нејзините оригинални потфати. Таа претходно направи и чевли со потпетици коишто чинеа 14 милиони евра, како и свадбена торта од 70 милиони евра.
Оваа елка, што е нејзин засега последен потфат, исто така, вреди околу 14 милиони евра, соопшти управата на хотелот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Could this be the most expensive Christmas tree ever? pic.twitter.com/e6vR7Rsrl9
— RT (@RT_com) December 14, 2019