Поранешниот фудбалер Дејан Станковиќ пред две недели во Белград тајно се ожени со новинарка од Словенија.Како што пренесуваат медиумите, во прашање е новинарката Анита Бојаниќ, а Курир открива како таа изгледа.Убавата Анита со која Дејан чека дете е осум години помлада од него. Пораснала во главниот град на Словенија, каде што завршила училиште, но и високото образование го завршила на тамошниот универзитет. Има богата работна кариера, а како што наведува моментално работи во видео продукција која работи и во Србија.Дејан ја организирал свадбената церемонија во строга тајност во популарен, но многу изолиран ресторан во Белград. Од сите гости било побарано да не шират информации и да не објавуваат видеа, што сите го испочитувале, објави српскиот портал Телеграф.рс.Да потсетиме, Дејан по разводот влезе во емотивна врска со новинарка од Словенија, со која чека дете. Медиумите ја повторија веста дека Станковиќ по 23 години брак се развел од Ана со која има три деца – синовите Стефан, Филип и Александар.Станковиќ го држи приватниот живот во своите четири ѕида, но претходно отворено зборуваше за медиумите за Ана во која се заљубил на 19 години и која, како што истакна, ја смета за најдобриот потег во неговата животот.
Пронајдете не на следниве мрежи: