Џенифер Лопез во 20 годишна кариера успеа да стигне од обична Бронкс девојка до светска ѕвезда на која никој не ѝ рамен дури и на 49 години.
Но, можеби не сте знаеле дека Џеј Ло има помлада сестра Линда, која исто така е успешна и славна. Можеби не на пошироките простори, односно не на светско ниво, но во САД сите ја знаат од малите екрани.
Линда има 45 години и таа е наградувана новинарка и водителка на вестите на каналот ABC.
Таа започнала како водителка на радио, а кога Џенифер се пресели во Лос Анџелес за да изгради музичка кариера, брзо ја пристигна и таму започна да гради телевизиска кариера.
Првата сериозна работа ја добила на VH1 каналот, а тогаш имаше можност да ја интервјуира и својата постара сестра. Полека се префрли кон политика и денес е водителка на вести и новинарка на ABC.
Линда е и самохрана мајка на 10 годишно девојче Луси Врен, која ја доби од врската со сега поранешниот партнер Адам Голдфрид.
Со постарата сестра е многу блиска иако често не ги гледаме заедно, но сепак таа многу често ја следи на настаните.
“Таа ми е голема инспирација. Многу ја почитувам, бидејќи е самохрана мајка и секој пат кога ќе ја прашам дали ѝ е потребна помош, таа секогаш вели дека тоа не ѝ е потребно. А, гледам дека е исцрпена. Таа не е самохрана мајка како што сум јас, јас имам многу помош во куќата. Таа нема”, рекла во една прилика Џенифер Лопез.
Сестрите соработуваат во здружението Lopez Family Foundation кое го основале за да им помогнат на сиромашните заедници за полесен пристап за здравствена заштита и образование.