Ова е снимката од страшната железничка несреќа во Чешка: Се слуша звук на шкрипење, па застрашувачки удар, а потоа само тишина (Фото/Видео)

Несреќата се случила во Пардубице.Камера од блискиот индустриски комплекс снимила страшен судир на возови во чешкиот град Пардубице, во кој најмалку четири лица загинале, а многу други се повредени.Видеото е објавено на социјалната мрежа Х, а го објави и чешкиот портал Blesk.cz.За потсетување, брз воз со околу 200 луѓе од Прага до Кошице се судри со товарен воз, а портпаролката на чешките железници потврди дека во несреќата има загинати и тешко повредени.Звукот од снимката е навистина страшен, иако камерата е на голема оддалеченост од станицата Центар, каде што се случи трагедијата. Се гледаат светлата на возот кој минува низ градот, заедно со вообичаените звуци на моторот, а потоа се слуша заглушувачки удар, проследен само со тишина, пишува Blesk.cz.Podle https://t.co/Zbp0Pzcuai jsou na místě nehody osobního vlaku v Pardubicích desítky zraněných. https://t.co/WqMuzpQjZQ— Filip Horký (@FilipHorky) June 5, 2024– Ми се чинеше дека се оди во погрешна насока. Семафорот беше зелен. Одеднаш се слушна удар – изјави еден од патниците за Novinky.cz.Судирот се случил на новата станица Пардубице Центар, а железничкиот сообраќај во овој дел на Чешка во моментов е во прекин.Возовите директно се судрија, а министерот за полиција Вит Ракушан и министерот за транспорт Мартин Купка излегоа на местото на настанот.Чешкиот премиер Петр Фијала зборуваше за мрежата Х со следнава порака:„Судирот на два воза во Пардубице е голема несреќа. Сите мислиме на жртвите. Изразувам искрено сочувство“.

Пронајдете не на следниве мрежи: