Полицијата и форензичарите сe уште го „чешлаат“ супермаркетот во Мерфелден-Валдорф, Германија, каде маж (48) синоќа брутално ја убил својата поранешна партнерка, а потоа се самоубил.
Убиецот испукал неколку куршуми кон несреќната жена, која работела во супермаркетот како касиерка, а потоа си го одзел животот.
- Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САДРусија, која е најголемиот светски снабдувач на збогатен ураниум, објави дека воведува- прочитај повеќе
- Косовски Србин уапсен поради ланскиот напад врз припадници на КФОР на протестите во северно КосовоСпецијалното обвинителство на Косово соопшти дека, по неколкумесечна истрага, во соработка со- прочитај повеќе
- Лавров: Не знам како Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, ќе ги чекаме предлозитеРускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема претстава како- прочитај повеќе
- Орбан: На Србија не и треба ЕУ, на ЕУ и треба СрбијаЕвропа мора да разбере дека на Србија не и треба Европската Унија,- прочитај повеќе
- На мајка ѝ се заканува затвор, зашто го пуштила 10 годишниот син сам да се прошетаБритани Патерсон ја раскажала својата приказна за американските медиуми и рече дека- прочитај повеќе
Сè се случило околу 19 часот и 15 минути, додека продавницата била преполна со муштерии. Според медиумите, жртвата била на касата, а не се знае дали во тој момент послужувала некого или чекала муштерија да пријде.
Кога одекнале истрелите, во продавницата настанал хаос, а очевидци тврдат дека не можеле да го напуштат супермаркетот, бидејќи работниците ги заклучиле вратите.
Полицијата смета дека жената била убиена затоа што нејзиниот поранешен партнер не можел да се помири со раскинувањето.
,,Доказите укажуваат дека зад мотивот се крие неуспешна љубовна врска“, рече државниот обвинител и додаде дека истрагата сè уште е во тек.
Убиената жена и убиецот раскинале пред околу шест месеци, а претходно живееле заедно. Во овој момент сè уште се проверува дали имало пријави за насилство додека биле во врска, како и дали имало некакви наредби за задржување.
Убиецот, како што соопшти обвинителството, немал дозвола за оружје, а телата се испратени на обдукција. На местото на настанот полицијата пронашла неколку чаури, а засега не се знае од кое оружје се пукало.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.