Ова е човекот убиен за време на атентатот на Трамп: Со емотивна порака се огласи неговото семејство

Идентификуван е човекот кој беше убиен во атентатот на Доналд Трамп на неговиот митинг во Пенсилванија.

Кори Коператоре, пензиониран шеф на пожарникарството во Бафало, седел зад поранешниот претседател кога бил застрелан и убиен од 20-годишниот Томас Метју Крукс.

Неговата сестра со емотивна објава на Фејсбук.

-Омразата кон еден човек му го одзеде животот на еден човек кој најмногу го сакавме. Тој беше херој кој ги штитеше своите ќерки. Неговата сопруга и девојките штотуку го преживеаја незамисливото. Мојот помал брат штотуку наполни 50 години и имаше уште толку живот, напиша таа и додаде:

„Омразата нема граници, љубовта нема граници. Ве молиме молете се за мојата снаа, внуците, мајка ми, сестра ми, мене и неговите внуки и внуци бидејќи ова изгледа како ужасен кошмар, но знаеме дека тоа е нашата болна реалност“.

Атентатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше извршен во саботата на предизборен митинг од страна на Томас Метју Крукс, 20-годишен маж од североисточната држава Пенсилванија, како што беше идентификуван од Федералното истражно биро (ФБИ).

Трамп беше ранет во увото, но сега се чувствува добро, додека напаѓачот е убиен.

Во нападот загина едно лице, а уште две се ранети.

Фото: Facebook/Dawn Comperatore Schafer

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=26997775149821560&set=a.359171400775297&type=3&ref=embed_post

Пронајдете не на следниве мрежи: