Ова се 8-те најголеми разлики помеѓу сексот со и без љубов – се сложувате ли?

Повеќе не е некоја голема тајна дека љубовта и сексот нужно припаѓаат заедно. Без оглед што мислиме за тоа, треба да бидеме свесни за разликите.
Токму затоа, ви ги претставуваме 8-те најголеми разлики помеѓу сексот со и сексот без љубов:
По “чистиот” секс, само ќе ја земете облеката и ќе си заминете, но кога имате секс кој вклучува и љубов, ќе останете да се галите со партнерот.
Ако станува збор за љубов, тогаш можете да бидете онакви какви што сте, без “кочници”, а кај сексот без емоции немате потреба од целосно отворање.
Кога чувствувате страст, останувате разочарани кога нема да ги исполните сите вашите екстремни желби, но кај љубовта тоа ви е сеедно бидејќи секогаш се чувствувате убаво.


“Чистиот” секс е егоистичен, а љубовта не е – кога се води љубов, се внимава на чувствата на другата личност. Кај сексот без љубов ви е сеедно – најважно е вие да се задовол(е)ни.
Кај љубовта имате потреба за кроење на заеднички планови, кај сексот без љубов станува збор за освојување – во љубовта нема натпревар и не е потребно пумпање на егото во облик на освојувачки чувства.
Љубовта ве инспирира, “чистиот” секс уште повеќе ве прави гладни – големите љубовни дела и песни ширум светот не настанале по секс за една вечер.
Апетитот за задоволство е краток, љубовта надживува сè – по страстните авантури едноставно одите понатаму, а откако ќе доживеете љубов, уште долго го споредувате следниот (или тој) партнер со тоа неповторливо чувство.
Сексот го гледате како вежба, а љубовта не – кај средбата со моменталниот партнер за секс, тоа го гледате како вежба за следниот, подобар. Кај љубовта размислувате само за моменталниот партнер – и се гледате себеси во иднина како пар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.