Ова се вашите среќни броеви според кинескиот хороскоп

Според кинеската култура среќните  броеви постојат, треба само да знаете, кои се тие. Погледнете ги броевите на среќата и нивната историја.

Ова се вашите среќни броеви според кинескиот хороскоп

Кои броеви носат среќа?

Во различни култури луѓето веруваат дека некои броеви им носат среќа, просперитет и финансиска корист. Таков е на пример бројот 2 според Кинезите. Тие веруваат дека секое нешто има две страни и дека сè во животот доаѓа во пар, а така е и во љубота.

Бројот 6 пак е интернационален симбол на среќа , бидејќи во многу култури тој симболизира хармонија и рамнотежа. Не случајно, луѓето се надеваат на „6-ка на Тото (игра на среќа), а богми некогаш и една 6-ка на факултет знае да спаси од големи страдања.

Такoв статус има и бројот 7. Според индиската, муслиманската и христијанската култура тоа е симбол на вечниот живот, затоа им носи среќа на луѓето. Во христијанството неделата, седмиот ден во седмицата,  често се гледа и како симбол на пожртвуваноста.

Со таква сила се користи и бројот 8 , што во јапонската и кинеската култура е симбол на среќа и големо богатство. Луѓето веруваат дека тој носи просперитет и пари. Колку е поголема осмицата, толку поголема е среќата. На пример, се проценува дека бројот 38 носи троен успех.

Контроверзно е прашањето дали бројот 9 е среќен број. Во некои култури, како таа  на Ацтеките, тој симболизира несреќа и неуспеси. Но,  во кинеската и христијанската култура, 9 е среќен број со свети сили.

4 – симбол за зло

Не се сите броеви среќни. Во Кина бројот 4 се смета за симбол на злото и смрт.

Броеви на среќа според кинескиот хороскоп

Во Кинескиот хороскоп секој знак има бројки, за кои се верува дека  носат среќа. Обично тоа се едноцифрени броеви и нивните комбинации меѓу нив,  плус неколку други „независни”. На пример:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2 👇👇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.