Како изгледа вашиот живот од соништата? Што ве спречува да го живеете? Одговорот најверојатно е: Стравот. Страв од промена, неуспех или од непознатото?
Но, иако истиот инстинкт може да нѐ одржува во живот, чувството на сигурност и удобност често ни се испречува во нашата потрага по среќа и исполнување на нашите соништа. Знаете како велат:
„Магијата се случува кога ќе излезете од вашата комфорна зона.“
Како? На крајот на краиштата, ние сме тие кои имаме моќ да ги промениме нашите умови и да ги надвладееме нашите мозоци за да го исполниме нашиот потенцијал.
Оваа тема кај секој од нас речиси секојдневно е на репертоар, во разни форми и од разни нашта.
Поранешната водителка Миа Костова на својот Инстаграм објави една листа со најразлични стравови, па им предложи на своите пријатели и следбеници да ја потполнат.
Една од нив беше пејачката Тамара Тодевска која откако избра кои се оние нешта што ја попречуваат во секојдневието и мислите, ги обележа на листата, а во нив беа: вистина, смрт, јавен говор,смрт на сакани, болест и стареење, наброја Тамара, а притоа и напиша и коментар на Миа:
-Еве ги моите. Тука сме некаде – и порача Тамара на Миа.