Патувањето во Грција за многумина е сериозен предизвик. Долгиот пат, големата гужва и полициските контроли даваат дополнителна тежина на патување. Имајќи во предвид дека летниот период патувањата во нашиот јужен сосед се зачестени, постојат неколку правила кои ќе ве спасат од полицијата и казните.
-Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.
-За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казната за непочитување на ова правило ќе ве чини 100 евра.
-Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.
-Од задолжителна опрема во автомобилот законот во Грција предвидува задолжително носење сигурносен појас и употреба на детско седиште во автомобилот.
-Пред да тргнете на пат важно е да запаметите дека за влез во Грција не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.