ОВА СЕ ТЕРОРИСТИТЕ ОД ДАГЕСТАН: Синовите на началникот на регионот убија 8 лица и направија ХАОС ВО РУСИЈА!? (ФОТО)

По терористичките напади во Дагестан, во кои загинаа 8 полицајци, а најмалку 12 лица беа ранети, медиумите јавуваат дека се идентификувани терористите кои го извршија нападот.Станува збор за Осман и Адил Омаров.– Во нападот на Махачкала, учествуваа двајцата синови на началникот на округот Сергокал во Дагестан, Магомед Омаров: Осман и Адил Омаров – оваа информација ја потврди изворот на агенцијата ТАСС.Омаров прво поднесе оставка, по што беше приведен.Според информациите, Магомед Омаров претходно бил началник на полицијата.– Милитантите кои извршија напади во Махачкала и Дербент се поддржувачи на меѓународни терористички организации. Во текот на истрагата ќе бидат идентификувани нивните организатори – изјави соговорникот на агенцијата ТАСС.🇷🇺 Media reports that two sons of the head of the Sergokalinsky region of Dagestan, Magomed Omarov, took part in the attack on Makhachkala: Osman and Adil Omarov.Their father is a former police officer himself. pic.twitter.com/m5PrfwaBHG— Иван ☦ (@lll_Tatarinov_H) June 23, 2024Според изворите, милитантите користеле оружје од странско производство, вклучително и најмалку една автоматска пушка.Напаѓачите го користеле и оружјето на убиените и ранетите полицајци .Се уште не е познат бројот на напаѓачите, според официјалните податоци, приведени се 2 милитанти.Дел од Дербент е без струја.Воведен е и режим на антитерористичка операција.Националниот антитерористички комитет на Руската Федерација за РИА Новости известува дека во нападите на православната црква и синагогата во Дербент, односно црквата и сообраќајната полициска станица во Махачкала, се убиени еден свештеник на Руската православна црква и еден работник во обезбедувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи: