Ова се трите најголеми стравови на мажите

Никогаш не би кажале, но жените и мажите делат исти стравови во љубовните односи, но посилната половина никогаш не би ги признала своите.
Мажите сметаат дека нивната сила не е недостаток на страв, туку способноста да го контролираат стравот и да го сокријат од средината.
Недостаток на искуство
Колку пати сте го излажале партнерот за бројот на мажи со кои сте спиеле? Тоа го прават и мажите. Иако понекогаш сакаат да се пофалат со богато искуство, вистината често не е таква. Секој маж сака да изгледа како мачо, поради што често измислуваат работи за да го постигнат тој ефект.
Љубомора
Скоро сите чувствуваат љубомора, но ретко кој тоа отворено ќе го покаже зашто тоа би значело дека всушност имаат помала самодоверба. Ако партнерот не покажува знаци на љубомора кога ќе го споменете поранешното момче или некој колега, тоа не значи дека не е љубоморен. Тие секогаш се грижат и се споредуваат со мажите во вашата околина, но никогаш нема да ви го признаат тоа.

Пари
Познат синдром на моќ. Околината се уште диктира дека мажите треба да бидат одговорни за финансиската сигурност на семејството, но има и такви кои одамна не живеат патријахално, па жените и мажите заработуваат исто, или жените заработуваат повеќе. Меѓутоа, ни тогаш на мажот не му е сеедно што жените се избориле за еманципација, зашто тие се уште стојат на ставот дека ако не заработуваат доволно, никогаш нема да се остварат како вистински мажи. Треба да сфатат дека парите не се предуслов за да имаат жена крај себе, туку нивната грижа и љубов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.