Трите најскапи чанти на светот се токму такви. Деби Вингам, Роберт Мувард и Пјер Харди ги изработија овие чанти кои се навистина уметнички дела вредни и до неколку милиони долари.
Кесичка со јајца Фаберже, Деби Вингам
Модната дизајнерка Деби Вингам е позната по своите екстравагантни дизајни, а ова парче, проценето на 6,7 милиони долари, е дизајнирано за анонимен американски купувач во 2019 година.
Дијамантска чанта, Роберт Мувард
Ова уникатно парче во форма на срце е дизајнирано од златарот Роберт Мувард и е направено од 18-каратно злато и 4.517 безбојни, жолти и розови дијаманти. Беа потребни 10 занаетчии и 8.800 макотрпни часови. Чантата со скапоцени камења го освои Гинисовиот рекорд за највредна чанта во 2010 година, каде што беше проценета на 3,6 милиони долари.
Ланец, Пјер Харди
Оваа чанта е од колекцијата Haute Bijouterie 2012 на Maison, дизајнирана од креативниот директор за фин накит Пјер Харди. Поставен во бело злато со над 11.000 дијаманти, се вели дека ова парче чини над 2 милиони долари.