Ова семејство им остава бакшиш на келнерите од 500 долари: Зад нивниот гест се крие тажна приказна, а продолжението е неверојатно

Во Соединетите Американски Држави постои семејство кое веќе 8 години остава бакшиш од 500 долари на келнери кои случајно ги бира.
За овој неверојатно великодушен гест е заслужен 30-годишниот Арон Колинс, момче кое по природа било многу чувствителна личност, а особено се грижел за оние во угостителската дејност бидејќи и самиот работел во пицерија.
За жал, на 30-годишна возраст, животот на Арон изненадно згаснал.
На неговиот компјутер, семејството на Колинс пронашло тестамент во кое тој дал упатства што да се направи со неговите лични работи, како мотоциклот и уметничките дела, но и следново: “Трето, оставете фантастичен бакшиш (не мислам на 25 отсто. Мислам на 500 долари на… пица)”.

Со оглед на тоа што зад себе не оставил толкава сума на пари, неговиот брат Сет ја креирал веб-страната “aaroncollins.org” со надеж дека таа ќе му помогне преку донации да собере 500 долари за да ја исполни последната желба на братот.
Она што Сет не го предвидел е дека донациите просто ќе растат и дека тој ќе тргне во обиколка на ресторани ширум САД и ќе продолжи да остава бакшиш од 500 долари на случајно одбрани келнери и келнерки.

Откако страницата постои (август 2012 година) се собрани вкупно 65.000 долари, а преку бакшиши се поделени веќе 23.500 долари. Рестораните се случајно одбрани, а келнерите добиваат бакшиш без оглед на квалитетот на услугите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.