Ова сигурно ќе ве интересира: Еве што значат кратенките во анализата за крв и колку треба да изнесуваат

Лабораторискиот преглед на крвта кај пациентите е еден од најважните показатели за ситуацијата на организмот и укажуваат на некоја скриена или веќе манифестирана болест. Секој човек во зависност од телесната тежина има од 5 до 8 литра крв, која го снабдува внатрешните органи со кислород и хранливи материи, содржи бели (леукоцити) и црвени (еритроцити) кои претставуваат одбранбену ќелии на организмот.
Анализа на крвта спаѓа во стандардна процедура на секој преглед, посебно ако пациентот се жали на симптоми кои не укажуваат на конкретно заболување и помага при поставување точна дијагноза.
Kај дијагностицирани заболувања кај кои лечењето е во тек, анализата на крвта укажува на успешно применета терапија.
Најчести анализи:
Седиментација – нормална вредност 10 и 20mm/h, доколку вредноста е поголема тогаш во организмот има жариште на инфекции. M (20-50 год) 3-13 mm/h, M (над 50 год) 2-23 mm/h, Ж ( 20-50 год) 4-24 mm/h, Ж (над 50 год) 5-28 mm/h
Крвна слика – Пред се се одредува бројот на еритроцити, леукоцити, тромбоцити.
RBC – Еритроцити (црвени крни зрнца) кои го пренесуваат кислородот од градниот кош кон останатите делови на телото.Нормална вредност:5-6 милиони/mm3. Намалена вредност на еритроцитите може да е знак за анемија или пак губење на крв поради крварење, а зголемување на еритроцитите може да се јави и кај сосема здрави особи.
WBC – Леукоцити (бели крвни зрнца) служат за одбрана на организмот од бактерии, вируси.Нормална вредност:5-10.000 милиони/mm3.Резултатите пониски од граничната вредност најчесто е знак за вирусни инфекции, а зголемување е знак за бактериски инфекции.
PLT – Тромбоцити (крвни плочки) нормална вредност 250.000-400.000 милиони/mm3.Зголемен број на тромбоцити доведува до крвно згрутчување во кардиоваскуларниот систем, а намалување се јавува при хемотерапи, малигни заболувања, хепатитис Ц.
Hb- Концентрација на хемоглобин во крвта е зависно од полот. Како просечна вредност за мажи се смета од 140-180 g/L, а за жени 120-160 g/L.
Глукоза – Гликемија го покажува количеството шеќер во крвта. Нормална вредност 3,33 до 6,10mmol/l.
Hct – удел на крвните ќелии или хематокрит во вкупната количина крв, MCV – Среден обем на еритроцити, MCHC – Средна концентрација на хемоглобин во еритроцити, RDW – Ширина на дистрибуција на еритроцитите, сортирање на еритроцити по големина, MTV – Просечен среден обем на тромбоцити
Состојба на црниот дроб
Во внатрешноста на црниот дроб се чисти крвта и се разградуваат супстанци кои се најважни за живот. Три најважни ензими се GOT чија нормална вредност е 5 до 15u/l, GPT – 5 до 19u/l и GGT со нормална вредност 4 до 18 u/l.
Состојба на бубрезите
Urea- Нормално 1,7-8,3 mmol/l, Креатинин – нормално мажи 62-106, жени 44-80 umol/l
Панкреас
S-алфа амилаза – нормална: 28-100 IJ/I, U-алфа амилаза – нормална: – 0-450 IJ/I Зголемено ниво укажува на пореметување на функцијата на панкреасот(производство на инсулин). Железо е еден од есенцијалните олигоелементи во организмот, составен дел од хемоглобин, миоглобин и многу ензими. Главно складиште на железото е ретикулоендотелниот систем, црн дроб, коскена срж, бубрези.Концентрацијата на железо во серумот е определен од неколку фактори вклучувајќи апсорпција од црева, депонирање во цревата, црниот дроб, слезина и коскена срж, губење хемоглобин и синтеза на нов хемоглобин.
Заедно со хемоглобинот, еритроцитите и параметрите кои ја одредуваат морфологијата на еритроцитите(MCV, MCH и MCHC) пружа увид за состојбата на коскената срж.Определување само на железото нема никакво значење за дијагноза на анемија.
Нормална вредност: мажи 10,6-28,3;жени 6,6-26,0 umol/l
Штитна жлезда – Лачи хормон тироксин (Т4) и триодтироксин (Т3).Двата се неопходни за добра работа на метаболизмот. Се мерат вредностите на Т4 хормони и слободен FT4 кој не е врзан за белковини. Нормална вредност на вкупен T4 хормон е 58 – 161nmol/l, а на FT4 тироксин е 10.3 – 23.1pmol/l.
Масти во крв
Холестерол нормална вредност < 5,2; Висок > 6,2 mmol/l
HDL холестерол(добар) нормален > 1,54; Низок < 1,0 mmol/l LDL холестерол (лош) нормален < 2,6; Висок > 4,1 mmol/l
Триглицериди нормална вредност < 1,7; Висока > 2,3 mmol/l
Електролити
Натриум (Na) – 139-154 mmol/l Намалено ниво кај бубрежно болни, Калиум (К) – 3,8-5,3 mmol/l Зголемено ниво кај бубрежно болни. Анализа на крв би требало да направите барем еднаш годишно иако немате никакви здравствени проблеми, затоа што раното откривање на болеста е од пресудно значење за поуспешно лекување.

Извор: Информации

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.