Овие 6 намирници ќе ве разбудат подобро од кафе

Сакате ли наутро да се чувствувате разбудено и енергично, филџан кафе пробајте да го замените со следниве 7 намирници:
1. Овесна каша
Овесната каша е меѓу најдобрите оброци кои можете да ги изедете рано наутро. Таа ќе ви даде енергија бидејќи е богата со јаглени хидрати. Јаглените хидрати во овесната каша споро согоруваат и заради тоа ќе ве држат будни и полни со енергија цело утро.
2. Вода
Ако испиете чаша вода штом станете на празен желудник побрзо ќе се разбудите. Дури и слабата дехидрација може да ви го замати умот бидејќи телото нема доволно вода за обавување на функцијата. Всушност, повеќето од нас наутро е благо дехидриран па затоа дополнувањето на течност веднаш по будењето ќе направи разлика. Ако за време на работното време ви дојде дремка, повеќе ќе ви користи да испиете чаша вода отколку кафе. Добро е секогаш со вас да имате шишенце со вода.


3. Јаболков оцет
Не постои лекарско објаснување зошто јаболковиот оцет ја подига енергијата, но мешавината на јаболков оцет, вода и мед е напиток за кој од дамнина се смета дека ја полни енергијата, го бистри умот и делува позитивно на целокупното здравје. Само внимавајте да не претерате бидејќи неговата киселост може да го иритира грлото и дегистивниот систем. Помешајте 2 лажички јаболков оцет, едно лажиче мед и 2 децилитри вода (топла или ладна) . Мешајте додека медот не се растопи. Напитокот пијте го кога сакате да се разладите или топол кога ве боли грлото.
4. Зелен лиснат зеленчук
Конзумирање на големи количини свеж зелен лиснат зеленчук еден е од најдобрите начини телото да го наполните со енергија. Таков зеленчук содржи големи колични на витамин Б кој му помага на телото храната да ја претвори во енергија.
5. Мента
Истражувањата докажале дека мирисот на мента не држи будни и помалку изморени. Затоа наместо кафе наутро многу подобро ќе ве разбуди чајот од мента.
6. Јајца
Со јајца за појадок не можете да згрешите бидејќи жолчката содржи многу белковини кои ќе ве обезбедат со енергија за цел ден. Варени, печени, пржени, јајца на око секој начин на подготовка на јајца ќе биде добар за појадок. Сакате ли да ги збогатите со зелен зеленчук и посебен вкус, направете кајгана со аспарагус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.