За поголемиот дел од жените менструацијата не е воопшто пријатно искуство, бидејќи често е проследена со болни грчеви, неправилно крвавење, нервоза и други видови непријатни симптоми. Погледнете ги следниве начини на кои самите можете да ги зголемите овие непријатности за време на месечниот циклус.
Сте заборавиле на пилулата за контрацепција.
Хормоналните промени се главни виновници за неподносливите менструални грчеви и појавата на сериозен ПМС. Пилулите за контрацепција помагаат при регулирање на хормоните во нашето тело и ако пропуштите да испиете само една од нив, лесно може да дојде до нередовно крвавење.
Не спиете доволно.
часовниот вечерен сон не е мит, баш напротив, тој постои со причина. Редовното заспивање во исто време и минималниот сон од 8 часа е најдобар начин да се погрижите дека и вашиот месечен циклус ќе биде редовен и помалку болен. Недостатокот на сон може да го продолжи процесот на крвавење, како и да ги зголеми грчевите.
Пиете премногу кафе.
Месечниот циклус може да создаде несоница, раздразливост и нервоза. Истото може да се случи и со пиењето преголема количина кафе. Токму затоа треба да го намалите консумирањето кофеин за време на месечниот циклус со цел да не ги влошите симптомите кои веќе постојат.
Често патувате.
Хормонот кој е познат како мелатонин е одговорен за нашето успивање. Тој се создава во нашето тело кога ќе почне ноќта да паѓа и исчезнува за време на дневната светлина. Доколку имате недостаток од овој хормон, што може да биде предизвикано од често патување, ќе доживеете несоница која со денови ќе ве одржува будни.
Од друга страна пак, промените на климатските или временските зони силно влијаат на производството на мелатонин, хормонот кој влијае врз балансот на сите останати хормони во телото. Токму затоа и воопшто не е чудно што вашиот циклус е нередовен за време на ваков вид промени во вашиот живот.
Текстот продолжува на страна 2 подолу:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.