Овие деца заработуваат огромни суми на пари: Погледнете што прават со нивните умни глави

Овие 10 деца заработуваат огромна сума на пари. На нивни години, сите ние имавме само неколку обврски: да ја раскренеме собата, да напишеме домашна задача и да си играме.
Погледнете што прават денес и како заработуваат многу.
1. 7-годишниот Рајан од јутуб-каналот „Рајан тојс ривју“ заработи 22 милиони долари во период од една година
7-годишниот Рајан е едно од најбогатите деца на светот. Родителите го чуваат во тајност неговото презиме поради безбедносни причини, а неговиот јутјуб-канал е канал со најголема заработувачка во 2018 година. Има 18 милиони следбеници и речиси 2 милијарди прегледи на видеата што прикажуваат како рецензира нови играчки, како игра, како ја учи азбуката и како ја пее познатата „Бејби шарк“.
2. Џоел Џоан – Џоџо Сива го претвори своето име во бренд
Откако се прослави на „Денс мамс“, оваа 15-годишна танчарка/пејачка/актерка и јутјуб-личност го освојува светот. Со 7,9 милиони инстаграм-следбеници, 8,9 милиони јутјуб-следбеници и милиони стриминзи на „Спотифај“, таа е наредната тинејџерска икона. Има колекција на нејзини украси за коса, линија на сокови, кукли и многу други работи. Нејзиното богатство е проценето на 12 милиони долари.


3. Мозија Бриџес лансира бизнис за продажба на пеперушки на 9-годишна возраст
Мос Боус оваа година ќе наполни 17 години, а и понатаму го проширува својот бизнис. Тој официјално е претседател и креативен директор на неговиот бизнис, кој продава пеперушки, вратоврски и друга облека. Во 2018 година продал производи вредни повеќе од 600.000 долари.
4. Макена Кели, 13-годишна јутјуб-ѕвезда, заработува 1.000 долари дневно
Jутјуб-каналот на Кели е посветен на АСМР-видеа и има 1,3 милион следбеници. АСМР е кратенка од автономна сензорна меридијална реакција, а претставува смирувачко, пријатно чувство што честопати е придружено со морници, обично предизвикано од звуци како шепотење или звук на тропање на нечии нокти или нешто друго.


Кели заработува 1.000 долари дневно.
5. 14-годишната Марсај Мартин е најмладиот извршен продуцент
Мартин глуми и е извршен продуцент на комедијата „Литл“. Таа има големи планови за иднината.
– Ова е прв филм во кој јас сум и пред и зад камерата. И нема да биде последен – вели таа.
Нејзината плата за филмот е 200.000 долари, со бонус до 300.000 долари во зависност од тоа како ќе помине филмот.
6. Рајан Кели е основач на „Рајс Рафери“, висококвалитетна храна за кучиња
Кели, заедно со неговата мајка, се појави на „Шарк тенк“ за да ја предложи идејата за повисок квалитет на храната за кучиња. Тие обезбедија финансии од Барбара Коркоран и моментално ги продаваат своите производи онлајн.


7. 13-годишната Микаила Улмер има сопствена линија на органска лимонада
Улмер почнала да прави лимонада која ја продавала на нејзиниот штанд за лимонада во Тексас кога имала само четири години. Оттогаш лимонадата еволуирала во производ што содржи мед и ленено семе. „Хол Фудс“ склучи 11-милионски договор со Улмер за нејзината лимонада.
8. Кори Нивс поседува бизнис за колачиња
Нивс и неговата мајка почнале бизнис кога тој имал само 6 години: сакал да заштеди пари за да ѝ купи автомобил. Почнал да продава топло чоколадо низ соседството, но наскоро се одлучил да го промени производот и да продава колачиња. Така се родила „Корис кукис“. Денес, компанијата на Нивс продава четири вида природни колачиња и има работено со брендови како „Барнис“, „Блумингдејлс“, „Потери Барн“, „Ралф Лорен“, „Хол Фудс“ и многу други.
Во 2017 година Кори и неговата мајка се појавиле на „Профит“ каде што обезбедиле инвестиција од 100.000 долари.
9. Средношколката Еби Кричер има цела линија путер од јаткасти плодови
Нејзината компанија доживеа раст од 400 отсто благодарение на дистрибуцијата во продавниците низ Америка. На 16-годишна возраст Кирчер одлучила дека треба да јаде поздраво, но сфатила дека голем дел од путерите за кикиритки содржат шеќери и масло, па затоа се одлучила да создаде свој.
Нејзиниот бизнис се прошири и сега таа продава голем број производи, а нејзината заработка била проценета на 80.000 долари во 2017 година.
10. Шубхам Банерџи имал само 12 години кога го создал Брајовиот печатач
Кога Шубхам имал 12 години и барал инженерски проект за саем за наука, открил дека помалку од 10 отсто од слепите лица во Америка можат да ја читаат Брајовата азбука, главно поради тоа што Брајовите печатачи чинат околу 2.000 долари.
По неколку месеци обиди и грешки, тој го создал „Браиго“, евтин печатач за Брајовата азбука. Иако е во фаза на развој, се проценува дека неговите печатачи чинат 350 долари, околу петтина од редовните печатачи на Брајовата азбука. Оттогаш Банерџи е коосновач на компанијата „Браиго лабс“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.