Овие знаци ги издаваат лажговците

Меѓу луѓето отсекогаш имало лажговци, односно такви кои се обидуваат да ја заобиколат вистината. И додека кај некои е лесно да се препознае дека лажат, други научиле како вешто да го сокријат тоа. Сепак, постојат неколку знаци кои ги издаваат лажговците, а се однесуваат на говорот на телото и одредени изрази на лицето. Оние што лажат, лесно ќе може да ги препознаете по нивната нервоза.
Во продолжение прочитајте кои се знаците по кои ќе познаете дали некој ве лаже во одредена ситуација, независно дали се работи за вашето деловно опкружување, или за некој личен однос.
Сува уста
Луѓето што лажат се под стрес, а тоа доведува до сувост на устата и потење на дланките. Ако забележите дека лицето со кое разговарате често си го „прочистува“ грлото, веројатно се обидува да ве излаже. Освен тоа, таквото лице има и плитко дишење, како и испотени дланки.


Избегнување на погледот
Луѓето што лажат избегнуваат да го гледаат својот соговорник право в очи, поради тоа што се плашат дека ќе бидат разоткриени. Ако вашиот соговорник лута со погледот и гледа на другата страна, тоа е знак дека сака да побегне што побргу и да се ослободи од анксиозноста што е предизвикана од лажењето.
Гледа во стопалата
Лицата што лажат понекогаш гледаат во сопствените стопала или едноставно, го вперуваат погледот надолу. На овој начин тие го избегнуват погледот на оној којшто го лажат за да ја направат ситуацијата поудобна.
Недостиг на емпатија
Лажговците кои се малку повешти во текот на лажењето се однесуваат ладнокрвно, а на ситуациите за кои лажаат гледаат без трошка емоција. Ако овде забележите и недостиг на емпатија, многу веројатно е дека сте во друштво на лажго

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.