Овие прашања се најголемите проблеми кои ги мачат жените во лето, а еве ги одговорите за нив дадени од гинеколог!

Ова се пет конкретни прашања поставени на гинеколог во САД, кој одлучил јавно да ги сподели, а ние во целост ви ги пренесуваме.
Дијагностицирана ми е вагинална инфекција и препишана ми е терапија со вагиналети, која моментално ја користам. Дали е неопходно за време на терапијата да избегнувам капење во базен/море?
-За време на терапијата за вагинални инфекции, капењето во море или базен не е забрането, но не е ниту препорачливо. Мора да водите сметка и кои вагиналети се во прашање, бидејќи во некои случаеви може да се намали дејството на лекот. Доколку сепак се одлучите за капење, веднаш по излегување од вода облечете чист и сув костим за капење и одморајте се на чист и сув песок.
Дали е точно дека како превентива од вагинални инфекции можеме да користиме препарати (вагиналети) со пробиотици?


-Вагиналните пробиотици, орални или вагинални, одржуваат баланс на вагиналната флора и на тој начин штитат од инфекции. Лактобацилите, кои се наоѓаат во овие препарати, претставуваат бактерии кои се застапени во вагиналната флора. Одржуваат нормална киселост на вагината и штитат од развој на ифекции. Меѓутоа, во некои случаеви, и покрај нивната примена може да дојде до појава на инфекции, што зависи од имунолошката состојба на пациентката.
Да ја решиме оваа недоумица еднаш засекогаш: Дали е мит или вистина дека со капење во базен можеме да се заразиме од кламидија?
-Кламидијата спаѓа во групата сексуално преносливи болести. Се пренесува за време на незаштитен секуален однос со заразен човек (вагинален, анален или орален), а може да се пренесе на очите во случај на контакт со заразената вагинална секреција, како и од мајката на фетусот за време на породувањето. Не може да се пренесе со бакнежи, преку постелнина, даски од ВЦ школките, брави, базени, топли бањи, накит, облека…
Сакам да ја одложам менструацијата за да не добијам циклус додека сум на летување. Инаку, не користам контрацептивни пилули. На кој начин можам да го направам тоа?
-Одложување на менструацијата може да се направи со примена на гестагени препарати. Почнете да ги користите 3-4 денови пред очекување на менстурацијата и земајте ги онолку колку што е потребно за да се одложи менструацијата, но не се препорачува тоа да биде повеќе од 12-14 денови. Неколку денови откако ќе престанете да ги земате ќе се појави менструално крварење. Сепак, не се препорачува често да ги употребувате. Не смеат да ги користат трудници или жени кои се сомневаат на бременост, за време на доење, вагинално крварење од непознато потекло, во случај на тромбоемболички болести, болест на црниот дроб, тумор на црниот дроб, малиген тумор зависен од полови хормони…. Овие таблети немаат контрацептивен ефект.


Дали апчето за ден потоа е сигурно и дали е безбедно за здравјето?
-Сигурноста на апчињата за денот потоа е околу 85-90%. Се зема најдоцна 72 часа од ризичен однос, а најдобар ефект има во првите 12 до 24 часа. После три до четири недели од земањето, неопходен е гинеколошки преглед, поради исклучување на можноста за бременост. Кај една од седум жени се појавуваат мачнини, повраќања, главоболки, пречувствителни гради, болки во стомакот… Нема јасни контраиндикации за нивна примена, но треба да бидете внимателни доколку ви е дијагностицирана пореметена фунцкија на црниот дроб, алергија…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.