Овие производи не треба никогаш да ги ставате во смутито

Не е толку едноставно да си приготвите корисно смути.
Специјалистите за исхрана советуваат да не ставате што ќе ви падне на памет во смутито или шејкот, ако сакате тие навистина да се корисни.
Нутриционистите никогаш не се врзуваат со одредени состојки во сопствените смутија – не го правете тоа и вие!
Еве кои се тие:
Замрзнат јогурт
Замрзнатиот подготвен јогурт може и да е со одличен вкус и да го прави смутито навистина убаво и пријатно за пиење, но не е добра опција. Овој производ е многу богат со масти и во повеќето случаи содржи вештачки засладувачи и конзерванси, пишува womenshealthmag.com. Наместо него во смутито ставете си обичен јогурт.


Засладувач
Нема нутриционист, кој ќе стави вештачки засладувач во сопственото смути, само за да го замени шеќерот. Подобро е да употребите природна нејзина замена како медот. Засладувачите се неколку стотици пати послатки од шеќерот, што предизвикува значителни и нагли скокови во нивоата на шеќерот во крвта. Тоа крие сериозен ризик за дијабетес.
Засладен јогурт
Засладениот јогурт е штетен за здравјето и тенката половина токму заради вештачките додатоци во него. Едноставно не го ставајте во смутијата.
Свежо исцеден овошен сок
Свежо исцедените сокови, макар и од природни овошја, се многу заситени со јаглехидрати. Тие се лишени од влакната во овошјето, кои имаат за задача да го нормализираат нивото на шеќерот во крвта и да ја направат обработката на јаглехидратите поквалитетна и корисна. Ставајте во смутијата цело овошје и зеленчук, а не само нивните сокови.
Специјалистите за здравата исхрана не би ве советувале да додадете вештачки протеини во прав во смутија, иако многу луѓе кои тренираат го прават. Нутриционистите секогаш попрво додават природен протеин како јатка или мешунки кон смутија.
Сушено овошје
Главната загриженост на стручњаците за исхрана со сушеното овошје е дека многу често тие се обвиткани со додадени шеќери како начин за конзервирање и подобрување на вкусот.
Освен тоа сушените овошја се ослободени од свежите сокови, што ги прави многу заситени на јаглехидрати, односно калории.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.