Што е карантин ?
Карантин значи да се одбегнуваат секакви социјални ситуации и контакти со други луѓе колку што е тоа возможно и да останете во својот дом.
Можете да излегувате на прошетка, трчање, возење велосипед но сам и по секоја цена да одбегнувате близок контак со други лица.
Другите членови од домаќинствоте не треба да ги ограничуваат своите редовни активности освен ако не им поинаку кажано.
Кога има потреба од карантин ?
Доколку се чуствувате здраво а сте имале близок контакт со лице за кое е потврдено дека е инфицирано.
Доколку сте патувале во земјите со среден и висок ризик од корона вирусот.
Зошто карантин ?
За да се спречи ширењето и инфицирањето на ново луѓе со корона вирусот.
Што НЕ треба да правите кога сте во карантин !
Не одете на училиште, факултет, работа.
Не одете на состаноци, социјални собири, групни настани или преполни места.
Не повикувајте гости во вашиот дом.
Не одете на шопинг. Нарачајте ги вашите производи преку интернет или нека ви ги достави некој член од семејството/пријател.
Не контактирајте со постари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени.
Не патувајте.
Што е само-изолација ?
Само-изолација значи да се остане во затворено и целосно да се избегне контакт со други луѓе.
Голем број на луѓе развиваат благи симптоми кои се појавуваат за неколку недели, но и покрај тоа можете да го ширите вирусот на други.
Кога има потреба од само-изолација ?
Кога имате симптоми на корона вирусот.
Пред да се тестирате за корона вирусот.
Додека го чекате резултатот од тестот.
Ако сте имале позитивен резултат од тестот.
Сте патувале во земјите со висок и среден ризик. ( треба да останете во изолација 14 дена )
Доколку развиете некој од симптомите веднаш повикајте лекар, не одете вие на лекар.
Кога да престанете со само-изолација ?
Доколку ги исполнувате следните два услова:
Немате температура подолго од 5 дена.
Поминат 14 дена од појавата на првите симптоми.
Што треба да правите кога сте во само-изолација ?
Седете дома, во посебна соба и редовно проветрувајте.
Одбегнувајте контакт со другите членови на домаќинството или при комуникација оддржувајте растојание од минимум 2 метри.
Задолжително носете заштитна маска .
Користете посебна бања и тоалет. Или користете го последен и потоа темелно исчистете.
Следете ги симптомите и повикајте доктор доколку ви се влоши ситуацијата ( самопроверка на температурата најмалку два пати дневно ). Јавете се во Службата “Ало докторе”
Повикајте го вашиот доктор, не одете вие кај него.
Покривајте се додека кашлате, кивате со хартиена марамица и веднаш фрлете ја во корпа за отпадоци и измијте ги рацете.
Чистете ги рацете правилни и често.
Користете сопствен пешкир/крпа,прибор,постелнина,чаши – не споделувајте со други.
Чистете ја секојдневно просторијата во која седите со средство за домаќинство или средство за дезинфекција.
Редовно користење на средства за дезинфекција на база на алкохол и хлор.
Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.
Што Не треба да правите кога сте во само-изолација ?
Не одете на училиште, факултет, работа, состаноци, социјални собири, групни настани.
Не ги споделувајте вашите работи со други.
Не повикувајте гости во вашиот дом.
Не користете јавен превоз.
Не пазарете. Нарачајте ги вашите производи преку интернет или нека ви ги достави некој член од семејството или пријател.
Не контактирајте со постари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени.