Од 09:00 часот утрово во Скопје, поради одбележување на празникот Илинден, за сообраќај ќе биде затворен потегот од крстосницата меѓу улицата „11-ти Октомври” и булеварот „Кочо Рацин” до крстосницата меѓу улицата „Даме Груев”, улицата „Васил Главинов” и улицата „Димитрија Чуповски” и од крстосницата меѓу улицата „Даме Груев”, улицата „Македонија”, улицата „Филип Втори Македонски” до улицата „Кеј 13-ти Ноември”.
МВР информира и дека од 05:00 до 14:00 часот на улицата „Беласица” и од 14:00 до 18:00 часот на улицата „Самоилова” (виадукт кај стоковна куќа Мост) во Скопје, во организација на Друштво за филмска продукција „Фокус Покус Филмс”, ќе се снима филм, поради што Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
– Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните, апелира МВР.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.