Овој едноставен рецепт ќе ги воодушеви сите љубители на благо

Освен што можеме да ги јадеме свежи во големи количини, одлични се и десертите кои вклучуваат цреши. Нашиот омилен е овој супер едноставен колач со цреши што се топи во устата

Состојки:
2 јајца
2 жолчки
120 гр шеќер
50 гр бадемово брашно
2 лажици остро брашно
250 мл слатка павлака
екстракт од ванила
цреши (доволно да го покриете дното на тавата)

Подготовка:
Состојките ставете ги во сад и се заедно убаво измешајте. На дното на тавата ставете ги исчистените цреши, покријте ги со тестото и печете го колачот на 190 степени 20 до 25 минути. Превртете на сад за сервирање и посипете со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.