Извршниот директор на ОХО, Пеце Талески, вечерва со својот емотивен настап не остана никого рамнодушен за време на доделувањето на наградите „Златна бубамара“ на популарноста.
Имено, за време на примањето на наградата за хит серијата „Преспав“, Талески рече дека го сменил имиџот и ја скратил косата, затоа што неговата сопруга ја примила втората хемотерапија.
Талески едвај успеа да ги задржи солзите, а дел од женската публика стана и го поздрави со громогласен аплауз. Пеце ги замоли сите жени да прават редовни прегледи за канцер на дојка, бидејќи болеста зема голем замав.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Гестот на Пеце ОХо за поддршка на жена му која е на хемотерапија ?
— Ellie (@peseva) February 24, 2019