Огнен Стојановски ја реши Цедевита

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аердорм забележаа победа со 80:78, над Цедевита во Загреб, во 21-то коло, во АБА лигата.

Победата на македонскиот шампион му ја донесе Огнен Стојановски кој погоди за два поени на четири секунди до крајот на натпреварот. Во последниот напад на Цедевита, Томас не успеа да погоди за три поени. Победата на МЗт е уште поголема, бидејќи во последните седум минути од натпреварот ја надоплни негативата во однос на противникот од 11 поени. Четворица играчи во тимот на Алеш Пипан постигнаа двоцифрен број на поени, а меѓу стрелците се запишаа сите, со исклучок на Богоев, кои влегоа во игра. Николовски постигна 15, Дамјан Стојановски 14, Гечевски и Огнен Стојановски по 13, Дејвис 9, Чековски 8, Бакиќ 5, а Марковски 3 поени. Македонскиот првак овој натпревар го одигра без повредените Урош Николиќ и Никола Оташевиќ.По 21 рунда во АБА лигата, МЗт има биланс од 11 победи и 10 порази, додека Цедевита со овој пораз го доведув во прашање пласманот на завршниот турнир, тимот со најголемиот буџет во лигата има скор 12 победи и девет порази. Во следното коло, МЗТ на 22.февруари ќе го пречека лидерот во лигата Игокеа.
Макфакс
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аердорм забележаа победа со 80:78, над Цедевита во Загреб, во 21-то

Пронајдете не на следниве мрежи: