Очигледно револтиран од целата ситуација во државава со Фејсбук статус се огласи и новинарот и уредник на ТВ “24“, Огнен Јанески
“Државава не знам веќе каде е тргната.
1. Скандалозни распределби за културата и уметноста. Носечки настани и манифестации се доведени во прашање дали воопшто ќе продолжат да се одржуваат, што поради немање доволно средства или пак поради одбивање. Манифестации, фестивали и/или настани кои се докажани и кои единствено на оваа дијазепамска нација и’ нудат опуштање без рецепт од матичен лекар.
2. Некни имавме петгодишно девојче кое почина од грип, а денеска шестмесечно бебе почина од морбили. Државата нема идеја како да го заштити населението здравствено. Никогаш не ни имала во последните години. Граѓаните си тераат Баба Рада лекување преку Фејсбук.
3. Државата нема пари да ги испрати пациентите кои бараат лекување во странство поради немање можности тука, но, затоа има пари да купува фотелји од телешка кожа и да ги вработи сите функционерски чеда на државни јасли.
4. Основците ни се неписмени повеќе од 50%. Функционално неписмена ни е младината во огромен процент. Образованието ни е крш.
5. Најголем аерозагадувач излезе Гинекологијата во Чаир, а дивите и лиценцираните депонии ни ги горат грлата. Ама не, тие нека чадат, прво да се погрижиме за најдобрата родилница во Македонија, оти таа загадува.
6. Аџанак – баџанак…
Основните столбови за едно општество се во колапс или веќе колабирани. Враќањето назад за да чекориме напред сега само кон ЕУ, оти нели за во НАТО ја турнавме оградата, ќе биде исклучително тешко.
Одговорност никој не понесува. Министрите се пашалачат како да е ресорот нивна своина. Себството им се нарушува со сечија и секоја критика, но, телешката кожа им ја одржува задницата на сигурно место, не гледајќи дека ќе нема народ кому ќе му служат, баш така како што и означува преводот од латински јазик на нивната функција – слуга на народот.
A тој – народот, веќе нема сили да шпарта ни по улици. Едни повикуваат други на демонстрации, а ни самите не ги покреваат, зашто чекаат друг да им се погрижи за гајлето на нивната судбина. Овие другите, пак, веќе немаат сила. Години се истрошија. И се’ така во круг, а греотноста на квадрат.
Република МаЌеСИоДАМијаС… Апсурдистан. Па макар бил и северен, сеедно”, напиша Јанески.