Ограбена експозитура на НЛБ Банка во Сарај

Вооружена група изутрината ја ограбила експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај. Нема повредени лица, но и детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите.
– Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план, информираа од НЛБ Банка АД Скопје.
Средствата на клиентите се сигурни бидејќи, како што стои во соопштението, банката има осигурување на целиот свој имот и средства.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.