Ограбувачите коишто во петокот навечер изведоа спектакуларен грабеж на меѓународниот аеродром во белгиската престолнина однесувајќи големо количество, злато, необработени дијаманти и накит, биле облечени во полициски униформи, изјави за новинарите во вторникот обвинителот на Брисел.Според него, криминалците, вооружени со автоматски пушки со ласерски нишани, се довезле до местото на втоварување на скапоценостите во авионот на авиокомпанијата „Swiss“ во два црни фургона со трепкачки сигнализациски светла. Под закана со оружје, разбојниците извадиле од патничкиот авионот 120 кутии, најмногу со дијаманти, кои биле натоварени во воздухопловот од припадниците на американската транспортна компанија „Brink’s“ кои требало да бидат испратени за Цирих. После тоа разбојници избегале од местото со автомобили. Целата операција траела околу пет минути, што укажува на тоа дека станува збор за професионалци коишто детално го разработиле својот криминален план.Според Антверпенскиот светски дијамантски центар (Antwerp World Diamond Centre – AWDC) кој ги застапува јувелирниците од Антверпен, пазарната вредност на украдените дијаманти изнесува 37,5 милиони евра. Станува збор главно за дијаманти од Антверпен . Претходно беше соопштено дека криминалците украле дијаманти и злато во вредност од 350 милиони евра. Според информациите на белгиските медиуми, количеството на украдените дијаманти е околу 10 килограми.„Станува збор за сирови и обработени дијаманти од Антверпен коишто требало да бидат донесени во Цирих во Швајцарија“, изјави портпаролката на AWDC. Каролина де Фолф. Нагласувајќи дека станува збор за еден од најголемите грабежи на дијаманти до денес. Таа не сакала да ги открие идентитетите на испорачувачите, ниту на купувачите.Меѓутоа, де Фолф, изрази загриженост од безбедноста на аеродромот во Брисел. „Загрижувачки е такво нешто да се случи на аеродром: вооружена банда да упадне на пистата додека секој ден од Антверпен излегуваат и влегуваат дијаманти во вредност и до 200 милиони долари“, вели таа.Според претставници на аеродромот, во текот на грабежот немало повредени. Досега полицијата успеа да пронајде само едно возило комбе „мерцедес“, кое разбојниците го оставиле неколку километри од аеродромот.Заменичката на државниот обвинител на Белгија, Ине дан Вимеерш, изјави дека грабежот бил спектакуларно изведен додека дијамантите биле товарани во авионот на швајцарската компанија.Двете возила со по четворица маскирани и вооружени мажи застанеле веднаш до блиндираното возило на обезбедувањето кое требало да го втовари во швајцарскиот авион.Разбојниците коишто без истрелан куршум избегале со голема брзина, на пистата успеале да влезат пробивајќи ја заштитната ограда на аеродромот, а од истото место и успеале да побегнат надвор.
МакфаксОграбувачите коишто во петокот навечер изведоа спектакуларен грабеж на меѓународниот аеродром во белгиската престолнин