Огромни колони пред новиот пункт на МВР за сликање иако ТОЈ НЕ Е ОТВОРЕН

Долги колони граѓани, главно пензионери од утрово чекаат за сликање за нови документи откако во медиумите беше објавена информацијата дека е отворен новиот пункт на МВР во спортската сала на полициската станица Пролет.

Но, официјално, пунктот на МВР не работи. Граѓаните кои што денеска дошле таму веројатно биле погрешно информирани бидејќи МВР во текот на изминатите неколку дена и во наредните ќе врши тестирање на системот па така за сликање биле повикувани главно вработени во полицијата и разни здруженија на граѓани, новинари и слични групи кои биле користени за да може системот да се провери пред и официјално да биде пуштен во употреба.

Од полицијата велат дека официјално отворање на пунктот ќе има за неколку дена за што сите граѓани соодветно ќе бидат известени преку медиумите. Но и покрај тоа, денеска нашиот репортер забележа долги колони пред салата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.