Спомен плочата кај Карпалак во чест на загинатите македонските бранители во вооружениот конфликт во 2001 година која беше остранета на 9 август само еден ден по одбележувањето на годишнината од масакрот деновиве е повторно поставена на местото на погибијата.
Се работи за мала спомен плоча поставена на банкина на автопатот Тетово-Скопје кај месноста Карпалак која многу пати досега беше сквернавена.
Плочата е поставена од страна на Армијата на Македонија.
Бранителите во повеќе наврати го изразуваа револтот што и по повеќе од две децеении од масакрот, надлежните сѐ уште не преземаат мерки да им се оддаде почит на загинатитe на достојно спомен-обележје, а не се пронајдени и казнети сторителите кој ја вандализираат спомен плочата.
Фото: Слободен печат