Шериф Коњевиќ со години е на балканската естрада, а само од еден хит, песната „Бела венчаница“, го купи својот прв недвижен имот.
Шериф денес има прекрасна вила на Илиџа, а како што вели, сè стекнал со својата долгогодишна работа.
- Израел за прв пат потврди дека стои зад атентатот на лидерот на ХамасИзраелскиот министер за одбрана Израел Кац за прв пат потврди дека- прочитај повеќе
- Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно– Снег и силен ветер предизвикуваат значителни проблеми во сообраќајот во Хрватска,- прочитај повеќе
- Срамота е ова што го прават трговците пред празниците што доаѓаат, вели премиерот МицкоскиПремиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето- прочитај повеќе
- Паѓа случајот „Организатори 27 април“? Направени битни пропусти во постапката, констатира ОбвинителствотоУтврдени битни пропусти и свесно манипулирање во процесот на организатори за- прочитај повеќе
- Македонија во моментов не размислува за враќање на задолжнителен воен рокВо моментов не размислуваме бидејќи нема доставено таква иницијатива. Секогаш и- прочитај повеќе
– Ова чесно го заработив и цел живот се борев за ова. Многу време поминувам дома, сакам cè да е убаво, чисто и удобно. Работам многу и мојот дом мора да биде чист – призна во една емисија.
Тој се присетил и на моментот кога го купил својот прв имот, благодарение на песна.
– Заработив многу пари од песната „Бела венчаница“ која беше продадена во околу 850.000 примероци. Тоа ми беше несфатливо. Но, преку тој успех добив и финансии и купив стан и автомобил – изјави Шериф во емисијата.
Инаку, Шериф Коњевиќ важи за крал на бакшишот, а неодамна зборуваше и за неговите песни благодарение на кои заработил огромни суми на пари.
– Моите песни се автентични на сцената долги години и фала богу добро ме служи гласот. Што се однесува до мојата забава, се забавувам исто како и сите други. Не би издвоил никого, сакам многумина, се сакаме и се почитуваме, манирите се многу важни. Песната кажува работи што човек поинаку не може – рече Коњевиќ во емисијата „Никогаш не е доцна“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.