Од Наполеон III. до Чарлс III., француските државни менија на аукција


Што јаделе кралевите, диктаторите и претседателите? Колекцијата на француски државни листи со јадења, која ќе се најде на наддавање во Париз во петокот, нуди уникатен увид во 150 години дипломатската и гастрономска историја.

Меѓу 4.000 менија коишто ќе бидат достапни за купување, најстарото е она од царската вечера што ја приредил Наполеон III во 1868 година, исфлекано со неколку капки вино.

Тие нудат увид во тоа што јаделе кралските семејства, државниците и диктаторите од Џон Ф. Кенеди и Нелсон Мандела, Садам Хусеин и Владимир Путин, до раскошниот оброк во Версај за британскиот крал Чарлс III. минатата година.

Опсесивно ги собирал готвачот од Лион, Кристоф Маргуен, кој ги понуди на наддавање преку аукциската куќа Millon, а според проценките вредат од 10 до 1.500 евра по парче.

Некои од нив се испечатени на прекрасна свила, а она што било употребено на државната вечера во чест на американскиот претседател Џими Картер, има оригинална литографија на славниот сликар Марк Шагал.

Тие укажуваат и на комплицираната логистика околу важните дипломатски моменти, како што е ситуацијата на одбележувањето на 70-годишнината од истоварувањето во Нормандија во 2014 година, кога тогашниот претседател Франсоа Оланд мораше да брза од еден ручек со американскиот претседател Барак Обама на друг со рускиот Владимир Путин.

Откако уживал во салата од син јастог и лаврак (гргеч) на жар, Обама го измешал својот тајминг и побарал десерт од сирење што не било на менито „што за малку ќе предизвикаше дипломатски инцидент“, рече Маргуен.

Но, сето тоа не е ништо во споредба со оброкот за 23.000 локални градоначалници, одржан во 1900 година во градината Туилери, за кој беа потребни седум километри чаршафи, 125.000 чинии, 600 готвачи, 2.200 келнери, 1.200 литри мајонез и 39.000 шишиња вино.

Францускиот претседател е тој што обично го има последниот збор за менито, но тоа е прилагодено на вкусовите на гостите.

За време на една државна посета на кралицата Елизабета Втора ѝ биле понудени два избора – со или без „foa gra“ (паштета од гусји џигер), поради страв да бие навреден нејзиниот „еколошки освестен“ наследник на тронот.

„На кралицата очигледно не и било многу важно затоа што решила да го задржи паштетата на менито“, вели Маргуен.

Пронајдете не на следниве мрежи: