Од полноќ, нови цени на горивата

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,01%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит.


Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,246 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.07.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,651 ден/кг..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.