УХМР од понеделник најавува многу топло време.
Имено под влијание на топол бран од понеделник следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат 35 степени.
Од среда до петок во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Најтопло инаку ќе биде во среда кога се очекуваат рекордни 40 степени.