Црногорската компанија „Ковачи“ соопшти дека од своите продавници ги повлекла од продажба куклите Маша, Фрозен и девојката на Фрозен, затоа што содржеле супстанци кои може да им наштетат на здравјето на децата и да предизвикаат оштетувања на нивните репродуктивни органи.
Компанијата ги повикаа граѓаните кои веќе купиле такви играчки, да ги вратат на продажните места, при што ќе им бидат вратени парите.
-Ви благодариме на соработката и се извинуваме поради непријатностите што ги предизвикавме, се наведува во соопштението на компанијата, без при тоа да се посочи земјата на потекло на играчките.
Штетноста на играчките ја потврди и Здравствено-санитарната инспекција на Црна Гора, која посочи дека продлжува со контроли на продажните места на играчки.
Ова не е прв случај на повлекување играчки во Црна Гора, поради нивната штетност по здравјето. Минатиот месец од продажба беа повлечени и новите серии кукли на Покемон, девојчето Меџик и Снежана и седумте џуџињата, кои содржеле супстанца штетна по детското здравје.